Корисниците ширум светот известуваат дека апликацијата на „Мета“, популарниот Инстаграм „паднал“ и не функционира нормално.

Како што известуваат, корисниците не можат да скролаат, објавуваат и лајкуваат објави.

Прекинот ја погоди платформата во сопственост на Мета попладнево, при што многу корисници наведуваат проблеми со апликацијата, News Feed и најавување на сметки.

Пријавени се проблеми во САД, Велика Британија, Европа, Азија и други делови од светот. Корисниците на страницата за пријавување проблеми известуваат дека дури 71 отсто од корисниците имаат проблеми со апликацијата, од кои 12 отсто не можат да се логираат на својот профил.