Министерството за внатрешни работи во 13 часот и 25 минути добило пријава дека на влез од село Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на општината Ридван Ибраими кој бил заедно со уште неколку лица.

„При тоа повредени се две лица, кои биле заедно со градоначалникот“, велат од МВР.

Градоначалникот не е повреден, а не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник.

Попладнево во Арачиново пристигнаа неколку полициски комбиња. Информации на ТВ21 говорат дека веќе има уапсени лица.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот

Од обвинителството за ТВ21 потврдуваат дека на терен е дежурен јавен обвинител кој вржи увид и се собираат докази.