Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што вечерва се случи на автопатот Тетово-Желино кај мотелот Петрол, потврдуваат за МКД.мк од тетовската полиција.

Сообраќајката се случила откако патничко возило „голф“ со регистрација од Свети Николе излетало од патот. Увидот е во тек.