Косовската полиција потврди дека е убиен еден од напаѓачите во Бањска и Звечани. Ова е втора жртва откако утрово беше потврдена смртта на косовски полицаец.

Мировните сили на НАТО во Косово изјавија дека се подготвени да одговорат доколку тоа биде потребно. Овој одговор на КФОР за Klankosova.tv дојде по убиството на полицаецот Африм Буњаку, во селото Бањске.

„Остро го осудуваме нападот врз косовската полиција. Изразуваме длабоко сочувство до семејството на починатиот“, се вели во одговорот за Klankosova.tv.

КФОР ја следи состојбата во Бањска и е присутен на терен.

„Командантот на КФОР е во близок и континуиран контакт со сите меѓународни чинители, вклучително и ЕУ, началникот на Генералштабот на српските вооружени сили и институциите во Косово и интензивно работи на изнаоѓање решение“, се вели во коминикето.