Пријатели и соработници на социјалните мрежи се збогуваат со естрадниот новинар и водител Зоран Василевски.
Популарниот Зоки Фаци почина утрово, а тажната вест прв ја објави јутјуберот Стефан Лазаров.
Иако постојано споделуваше информации за неговиот живот позади камерите, Василевски ретко објавуваше фотографии со семејството. Сепак, последната објава пред да почине му ја посвети на внукот.
„Да не постоеше, ќе морав да те измислам“, напиша тој за помалиот внук Виктор.
Зоки во мај годинава конечно објави фотографија со неговата сестра Елизабет и напиша дека таа му е сѐ во животот откако починале нивните родители.
„Долго ја криев од очите на јавноста, не за друго, да ја заштитам од суровоста на луѓето, но еве решив баш сега да ви ја покажам сестра ми, Елизабет. Откако починаа нашите родители, останавме само јас и таа. Таа ми е сѐ во животот, нели крвта не е вода. Елизабет, те сакам до небо и фала ти што ги донесе на свет Даре и Виктор, моите големи љубови. Ти си мојата супер стар систер, не е лесно да си сестра на Зоки Фаци нели?“, напиша тогаш Зоки.
Пред еден месец Зоки требаше да биде опериран во една позната македонска приватна болница, но поради дополнителни испитувања зафатот беше одложен.