Низама Хеќимовиќ, која беше убиена во крвавиот поход на нејзиниот невенчан сопруг, во својата последна објава на социјалните мрежи се обрати кон своето бебе, малото девојче за чиј живот се плашеше и во последните мигови од животот.

Пораката од 9-ти мај, со која несреќната жена објави и фотографија од ногата на бебето, едноставно е потресна.

– Бебето ќе ја направи љубовта посилна, деновите пократки, ноќите подолги, парите помалку, домот посреќен, облеката поизлитена, минатото заборавено и иднина за која вреди да се живее, напиша Низама во посветата на своето дете.