Јован Ивиќ (25), чие тело утрово беше пронајдено на тротоарот пред зградата во Улица 27. Март каде што живееше, неколку часа пред трагедијата објави шокантна порака на Фејсбук во која напиша дека „болката е неподнослива“.

Се верува дека Ивиќ се самоубил паѓајќи од петти кат на тротоар. Во 5.40 часот утринава неговото тело го пронашле случајни минувачи кои повикале брза помош и полиција. Спроведена е истрага, а од Вишото јавно обвинителство соопштија дека нема индиции за насилна смрт. Во станот немало траги на насилство или грабежи.

– Најверојатно се работи за самоубиство – соопштија од Вишото јавно обвинителство.

Сепак, во тек е истрага и наредена е обдукција, како и токсиколошка анализа. Во својата последна порака, Јован Ивиќ напиша дека „живеел во темнина во последните 15 години“.

„Болката е неподнослива. Тој мрак е тука во последните 15 години. Јас не сум моралист и мислам дека тоа не е пресудно, но пороците преку кои му се предадов на Нему (ѓаволот) ме здробија до крај“, напиша Јован Ивиќ, а објавата ја заврши со зборовите:

„Само ми здосади да се преправам повеќе… Нема воскресение без Смрт, а смрт нема, има преселба!“