Телото на Ивона Савиќевиќ (42) денеска беше пронајдено во населбата Штеќе кај Подгорица, а медиумите дојдоа до видеото кое е последно снимено пред таа засекогаш да исчезне.

„Господ да те чува тебе и твоите деца, а јас веќе немав избор, ќе ме разбереш, уморна сум од се повеќе, уморна сум од се“, низ солзи рече Ивона додека се збогуваше со блиските.

Полицијата ќе ја знае причината за смртта по сите анализи и вештачења.

Како што пишуваат црногорските медиуми, телото на Ивона Савиќевиќ било пронајдено веднаш до местото каде последен пат била видена како вози автомобил.

Сепак, една работа останува мистериозна, како е можно телото да е пронајдено дури по три дена и тоа на местото каде последен пат била видена.