Денеска (15.05.2025) во 18.49 часот непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и рекло дека во салата “Јане Сандански” во Скопје, каде вечерва беше закажан музички концерт, има поставено бомба.

Веднаш се преземени соодветни мерки и присутните во салата се безбедно евакуирани.

Во тек се антитерористички проверки и по нивното завршување, доколку е безбеден објектот концертот ќе се одржи.

КОНЦЕРТОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ

Според последните информации од терен, дозволено е публиката да влезе во салата и наскоро ќе започне концертот.

“Во 21.18 часот завршени се антитерористичките проверки при што утврдено е дека се работи за лажна дојава и концертот ќе продолжи”, велат од МВР.