– Обични смртници идат у Италија и Грција, вистински богатите идат три дена у Пониква запирка Кочани. #oldmoneystyle #luxuryliving #VacationVibes #aristocracy #richlifestyle #destinationluxury, пишува на социјалните мрежи едно од највлијателните лица на македонскиот интернет простор, познатата Ина Многуфина.

Во дел од подосетливите коментари под постот на Ина се вели:

– Ама ти не знаеш што сѐ нуди Пониква…

– Кочани на туристичката мапа на Европа му доаѓа после Рим. Лондон, Париз, Рим … па Кочани, може затоа…