Маж (46) синоќа со нож убил 51-годишен маж во семејната куќа во месноста Боровци во Кула Норинска во Хрватска, нанесувајќи му две убодни рани во пределот на стомакот. Тие биле во блиски семејни врски, соопшти дубровничко-неретванската полиција по спроведена кривична истрага.
Наводно, по семејна расправија брат го убил братот, пишува Слободна Далмација. На местото на настанот беше спроведена истрага, предводена од заменик окружниот државен обвинител.
Полицијата постапила по добиениот дојава, а на местото на настанот бил затекнат 46-годишен осомничен, кој бил приведен и донесен во полициските простории за кривична истрага.
По наредба на Жупаниското државно правобранителство, телото на починатиот е пренесено во Патолошкото одделение на дубровничката болница, каде ќе биде извршена обдукција.
„Постојано се расправаа“
Браќата се од проблематично семејство, а двајцата и претходно и биле познати на полицијата поради употреба на дрога и имотни деликти, пишува Дубровачки дневник.
– Постојано се расправаа, тоа беше трајно нарушен семеен однос – велат добро упатени извори.