Неколку лица (најмалку тројца) загинаа по пукотница во фризерски салон во шведскиот град Упсала, јавува Би-Би-Си.
Полицијата соопшти дека добила повици од граѓани кои пријавиле дека слушнале силни истрели во близина на плоштадот Ваксала во центарот на градот. Пукањето се случило во пресрет на пролетниот фестивал Валпургисна, кој привлекува многу посетители.
Полицијата соопшти дека неколку лица биле пронајдени со повреди што укажуваат на прострелни рани. Областа е оградена и во тек е истрага.
Локалните медиуми го цитираа портпаролот на полицијата, Магнус Јансон Кларин, кој изјави дека добиле неколку пријави за пукање во областа. Шведскиот јавен радиодифузен сервис СВТ објави дека разговарал со бројни сведоци на местото на настанот кои им рекле дека слушнале истрели.
Според шведскиот весник „Афтонбладет“ , напаѓачот избегал со електричен скутер.