Македонската водителка и пејачка Сузана Турунџиева сподели емотивна објава во спомен на нејзиниот починат брат, Панде Турунџиев. Имено, тој е роден на денешен ден, 19 април, а денеска ќе го прославеше својот 58 роденден.
„Едно братче на Небото денес слави роденден. Панде [емотикон со срце]. Среќен роденден на сите родени на 19-ти април“, напиша Сузана Турунџиева на својот фејсбук-профил.
Како потсетување, Панде Турунџиев почина на 12 ноември 2001 година. Тој прерано го загуби својот живот на 36-годишна возраст, работејќи во Канада.
Според написите во медиумите, Турунџиев најпрво бил киднапиран, па убиен под неразјаснети околности, кои семејството никогаш не ги дознало и до крај никогаш не биле расветлени.