На социјалната мрежа Твитер се појави видео снимка која покажува спасувачи и лекари како се обидуваат да спасат мало девојче кое беше под урнатините по ракетен напад врз воена база во градот Миколаив.

Најмалку 40 украински војници загинаа во нападот

Најмалку 40 украински војници загинаа по руски воздушен напад врз касарната во Миколаив, пренесува Гардијан. Градоначалникот на Миколаив, Александар Сенкевиќ, во петокот на Фејсбук објави дека неколку села во регионот се окупирани и дека градот е под силен оган, нарекувајќи го „тежок ден“.

Според извештајот на шведските новинари кој го пренесе Nexta, во нападот загинале најмалку 40 луѓе.

Украинскиот пратеник во Одеса, Олексеј Хончаренко, исто така потврди дека руските сили го нападнале Миколаев, пишува Би-Би-Си.

– За жал, имавме голем напад, ракетен напад врз Миколаив. Десетици луѓе беа убиени. Десетици беа ранети, а зборуваме за проектили, балистички проектили – рече тој.

На социјалната мрежа Твитер се појави видео снимка која покажува спасувачи и лекари како се обидуваат да спасат мало девојче кое беше под урнатините по ракетен напад врз воена база во градот Миколаив. Судбината на девојчето засега не е позната, се надеваме дека докторите успеале да ја спасат.

Спасувачите успеале да извлечат маж од под урнатините.