Не стивнуваат реакциите по ненадејната смрт на првата сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ. За Ксенија Вучиќ која почина на 54-годишна возраст, колегите и соработниците имаат само пофални зборови.

За тоа колку голем професионалец всушност била, зборува и нејзиното последно гостување во емисијата на Немања Великиќ. Тој сега одлучи да ја открие болната позадина на тоа гостување која ќе ве расплаче.

Неколку часа пред снимањето, таа му се јавила и му се пожалила дека не се чувствува добро, но кога слушнала дека нема резервен гостин, одлучила да не го откажува учеството.

„Трагедија, голема загуба, шок и неверување. Ксенија во понеделникот ми гостуваше во студио. Се слушнавме неколку пати пред снимањето, ми се пожали дека не се чувствува добро. Ѝ реков во тој случај да не доаѓа, дека ќе се снаоѓаме, но знаете, Ксенија беше вистински колега и суров професионалец. Ми рече: „Немој да се нервираш, веќе почнав да се подготвувам. Знам како е кога гостин ќе ти откаже. И дојде“, открива тој и вели дека не може да поверува дека тоа била нивната последна средба.