Трудницата која го загуби бебето во битолската облница, се огласи на социјалните мрежи. Таа ја обвинува болницата за загубата на детето. Властите најавија истрага, додека директорот на болницата најави оставка. Претходно во истата болница почина шестгодишно девојче. Истрагата покажа дека болницата ги преземала сите чекори.
Објавата на мајката ја пренесуваме во целост:
„Овие денови требаше да ја добијам најголемата титула во животот. МАЈКА. Поради партиските “препуцавања”, РИВАЛСТВО, ИНАЕТ МЕЃУ ДОКТОРИТЕ и НЕСПОСОБНОСТА ЈАС ИЗГУБИВ НАЈМНОГУ.
ГО ИЗГУБИВМЕ НАЈВРЕДНОТО НЕШТО ВО ЖИВОТОТ. НАШИОТ ЈОВАН. НАШЕТО НАЈМИЛО. ДО КОГА РАДИ ВАС ПАРТИСКИ ПИУНЧИЊА ЌЕ СТРАДАМЕ????
Се изначитавте.. безброј лаги. Различни приказни.. Сите се ставивте на мое место внатре во сала, а уствари, ТАМУ БЕВ САМО ЈАС и тие..”луѓе”. Не знам и дали дали треба да кажам дека се луѓе.
Бебето не ми почина во стомакот, ниту беше извадено со вакум, иако се колнат дека било. Пола секунда било.. Ех, уште на маката и будала да те направат.. Точно дека бев вратена од болница дома и сеуште си го поставувам прашањето, ЗОШТО?
Се вратив во раце на други. Откако ми го пукнаа водењакот и ИСКУСНИТЕ воочиле дека има мекониум, а ЦТГ уредно, А ЗА КОЕ НИКОГАШ НЕ ОДБИВ ДА МИ БИДЕ НАПРАВЕНО, ИМАШЕ ВРЕМЕ за царски, и до утре можат да ме убедуваат дека немало, било во каналот… Па еве, кога било во канал, можевте веднаш да употребите ама вистински вакум и да го извадите и ми го спасите бебето, а не додека после пукање на водењакот викав, кревајќи ја болницата од болки и молев за рез, уште два часа, госпоѓата која што веднаш после смртта на моето бебе си замина на одмор и не се појави на ниту едно сослушување, која тврдеше дека НЕ УЧЕСТВУВАЛА во мојот пораѓај, иако таа ме искасапи и животински ми скокаше на стомакот, ми се смееше и ми рече ” АКО НЕ ТИ СЕ БЕНДИСВАМЕ НИЕ, ОДИ СИ ВО ПЛОДНОСТ”.
Удирајќи ме во стомакот, на кој што сеуште имам траги, насилно ми го извадивте бебето кое НИКОГАШ НЕ УСПЕАВ ДА ГО ВИДАМ! И УШТЕ ЛЕСЕН БИЛ ПОРАЃАЈОТ, ДАЈ БОЖЕ СИТЕ СЛЕДНИ ДА МИ СЕ ВАКВИ….??? Па не бил насилен пораѓај.
Какви се не небулози ќе слушнам? Зарем немате трошка милост? Дел по дел ќе обелоденам се! И тоа што ми се умилкувавте, ПЛАЧЕЈЌИ и нудејќи ми разноразни ствари, кафенце, сокче.. Ако ти треба нешто само јави се.. НЕМА ДА ВЕ ИСПЕРИ.
Имав НАЈЗДРАВА БРЕМЕНОСТ, ДО ПОСЛЕДНИОТ МИГ. Секој преглед уреден, секој резултат уреден. Го направија пропустот за кој што ЗНАМ, дека НИКОЈ нема да сноси одговорност или за да се покријат, ќе одговара некој друг. Колку да е некој де…
А ништо чудно и обдукцијата да е така скоцкана да нема крив. Како што кажавте, да не е некоја најретка аномалија или? А тоа што по канти баравте плаценти, постелки, и што ми стававте?! А тоа што се договоривте што да кажите за да се покриете?
А? Оставки, жалења, тажења.. НЕ. Знам, свесна сум за се! Иако мислевте не.
НЕ ПОТЦЕНИВТЕ И МЕНЕ И СОПРУГОТ. Но, ЌЕ ВЕ ИЗГОРАМ СИТЕ. ВЕТУВАМ! Ни го убивте бебето поради вашето его, надменост и непрофесионализам… Мислејќи дека сте Бог. УБИЈЦИ! ПАРИЧНА КАЗНА? СМЕШНО Е.
ДУРИ НЕ СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ!!!!!“