Во најлош случај ќе умреме, но никогаш нема да се предадеме, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко во видео обраќањето до Советот на Европа.

– Како градоначалник на Киев, ви ветувам дека Русите никогаш нема да маршираат во градот – рече Кличко.

Ќе се бориме да го одбраниме нашиот град и нашата иднина, рече Кличко и ги повика европските земји да и помогнат на Украина.

– Потребна ни е политичка, воена и економска поддршка. Ни треба оружје, се бориме против една од најсилните армии на планетата, рече Кличко.