Уапсен е Љупчо Палевски – потврдија за Телма од МВР и Обвнителството – се чека прес конференција на министерот Спасовски.
МВР за вечерва закажа вонредна прес конференција поврзана со убиствата на Вања и Панче, откако се дозна дека на граничен премин е фатен Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиството на малата Вања и на велешанецот Панче, по кого беше распишана меѓународна потерница.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во 22.30 часот ќе има прес конференција која Телма ќе ја пренесува во живо.