Зана Ѓевукај, девојка која беше тешко повредена на 1 април во сообраќајна несреќа во Пеќ на Косово, почина како последица од повредите што ги добила кога била удрена од автомобил управуван од полицаец.

Веста за нејзината смрт ја објави семејството преку емотивна порака на социјалната мрежа Фејсбук, пренесува telegrafi.com .

„Замина прерано, наша добра душо. Нека почива во мир твојот чист дух“, се вели во соопштението на семејството.

По несреќата, Зана била во сериозна здравствена состојба, па и покрај напорите на лекарите, не можела да се опорави.