Утре ќе има краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија во Скопје, информираат од Центарот за управување со кризи.
ЦУК известува дека заради планирани технички зафати на главниот далекувод Југ Нова, утре, 24 септември, ќе има краткотрајни прекини со снабдувањето на електрична енергија на териториите на Скопје согласно електродистрибуција Скопје.
Конкретно, прекините ќе бидат од 16 до 19 часот во реонот на населбите Аеродром, Пролет, Мичурин, Кисела Вода, Припор, Пржино и Црниче во Скопје.