Во КБЦ во северниот дел на Косовска Митровица утрово имало насилен упад на специјалната косовска единица РОСA, потврди директорот на таа институција д-р Златан Елек.

Елек вели дека членовите на РОСА се уште се во болница и вршат претрес, што предизвикува вознемиреност кај вработените и пациентите.

– Ја пребаруваат пералната и одредени канцеларии на влезот во болницата. Без никакво знаење за управата и раководството на болницата, јас и д-р Драгиша Миловиќ како директор, воспоставивме контакт со нив, ни рекоа дека имаат налог за претрес од Судот. Се уште се во болничкиот простор, постои голема загриженост кај пациентите и вработените – вели Елек.