Пожарникарите од босанскиот град Приедор, морале да исечат возило „опел“ за да го извадат возачот С.Р.(51), кој во четвртокот вечерта загина во населеното место Горњи Гаревци кај Приедор.

Според неофицијални информации, кога обезбедиле пристап, работниците на Итната помош изјавиле дека возачот за жал веќе починал, пишува Српскаинфо.

Во Полициската управа во Приедор завчера во 23.50 часот било пријавено дека возилото „опел“ излетало од магистралниот пат Приедор-Бања Лука во Горњи Гаревци.

Пожарникарите интервенирале 15 минути подоцна.

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷