Можно е да има и жртви во пожарот кој изгоре Ковид-центарот во Тетовската болница. Пред болницата се изнесени неколку колички на кои има тела покриени со бели чаршави, но нема официјална потврда дека станува збор за жртви од пожарот, објави порталот СДК.мк.
Пожарот е изгасен и се подготвува увидот на полициските и пожарните екипи, кои ги растеруваат бројните граѓани што се насобрани околу болницата, од кои многумина учествуваа во гасењето. Пред болницата е и градоначалничката Теута Арифи, која кажа дека уште се очекуваат инофрмации за повредени и загинати во пожарот.
Во моментов не се познати причините за пожарот што изби оклу 21 часот, а зградата е целосно изгорена.
Во тетовскиот Ковид-центар има 84 хоспитализирани болни, а во псоледниве 24 часа има еден починат од Тетово.