Вечерва се запали стара и напуштена куќа во скопската населба Маџир Маало, на улицата „Охридска“, објави „Прес24“.

Куќата се наоѓа веднаш до станбена зграда, чии исплашени и загрижени станари вечерва се излезени пред објектот.

На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, кои го гаснат пожарот.