Две лица загинаа во пожар што избувна утрово околу 6 часот во центарот за бездомници во Војка кај Стара Пазова.
– Пожарот избувна рано утринава и пожарникарите се уште се на терен, се сомнева дека има жртви – изјави утринава жител на Војка.
Едно лице е пренесено во Ургентниот центар.
Веднаш по повикот, пожарникарите излегле на местото на несреќата и брзо го изгаснале пожарот.
Со брза интервенција на пожарникарите евакуирани се 23 лица.
Истрагата е во тек.