Бизнисмен и сопственик на фабриката за вода „Јунику“ во истоимениот град (Јуник) во Косово, општина Дечани, и неговата сопруга се пронајдени мртви во планинска куќа.
Портпаролот на Основното обвинителство во Пеќ, Скадран Никчи за Експрес изјави дека телата се пронајдени во станбена куќа во планината Јуник и дека се работи за Миќ Тофај и неговата сопруга.
Телата се испратени на обдукција
Тој рече дека обвинителот за тешки кривични дека е на пат кон местото на настанот.
– Има две тела кои се пронајдени во станбена зграда на планината Јуник. Обвинителот за тешки кривични дела излегува на лице место – рече Никчи.
Тој рече дека „соодветните полициски единици ќе ги испитаат причините за нивната смрт“.
– Двете мртви тела ќе бидат испратени во судска медицина на обдукција – додаде тој.
На страницата со име „Дечани“ малку порано на Фејсбук напишаа дека тие наводно загинале „како последица од експлозија на плинска боца“.