Босанскиот музичар Јасмин Малкочевиќ е пронајден мртов во хотелска соба, потврдија за N1 од Обвинителството ТК. Малкочевиќ исчезна во вторникот кога неговото семејство објави апел на социјалните мрежи и го пријави исчезнувањето во полиција.

Безживотното тело на Јасмин Малкочевиќ денеска изутрината е пронајдено во хотелска соба во Љубаче. На телото на Малкочевиќ не се забележани траги на насилство, а првите индиции укажуваат дека се работи за самоубиство.

Смртта е констатирана на местото на настанот од страна на дежурниот лекар.

– Дежурниот обвинител и истражителите водат истрага во хотел во приградската тузланска населба Љубаче, каде е пронајдено безживотното тело на Ј.М.(роден 1982 година) од Тузла. На телото на починатиот не се констатирани траги на повреди или било каков вид на насилство, а најверојатно се работи за самоубиство предизвикано од труење со таблети. Дежурниот обвинител ќе издаде наредба за обдукција на телото на починатиот за да се утврдат точните причини за смртта, изјави Адмир Арнаутовиќ, портпарол на Обвинителството на кантонот Тузла.

Во текот на истрагата ќе се утврдат сите околности поврзани со овој настан.

Како што неофицијално дознава Тузлански.ба, Малкочевиќ вчера изнајмил хотелска соба, а семејството изјавило дека последен пат бил виден во средата на 15 декември околу 13 часот во темна јакна и чизми. Малкочевиќ беше познат музичар од Тузла, а на пошироката јавност и стана познат во една од сезоните на музичките шоу програми.