Алеш Екар, директор на бродоградилиштето „Искра“ во Шибеник, загина во австриски ски-центар. Како што е објавено на веб-страницата на австриските планински спасувачи, Екар загинал во несреќа на скијање.

Исчезнувањето на 54-годишниот маж во полиција го пријавиле неговите пријатели, кои наводно рекле дека се работи за искусен скијач кој добро го познава теренот. Полицијата го пронашла неговото возило на паркингот во близина на жичарницата.

Покрената е спасувачка акција, а мажот бил пронајден на длабочина од околу два метри под голем камен. Дежурниот лекар можел само да констатира смрт. Се претпоставува дека добро опремениот планинар паднал во провалија при искачувањето.

Алпската полиција се уште ја истражува точната причина за смртта, напишаа на својата веб-страница, пренесува slovensenovice.si.