Пол Полочек, професионален бодибилдер од Полска, почина веднаш по едно натпреварување во Германија.

Познатиот бодибилдер имаше 37 години и зад себе ги остави сопругата и ќерката.

Се уште не е соопштена причината за смртта на младиот бодибилдер.

„Бодибилдингот беше твојот живот. Не си заборавен, ќе живееш во нашите срца. Ќе те сакаме засекогаш. Ќе направам се што можам за да го одржам твојот сон жив. Те сакам“, напиша неговата сопруга на Инстаграм.