Во Клиничкиот центар во Ниш е оперирана полицајката Ј.И.(22) од Ниш, која синоќа, како што објавуваат српските медиуми, се застрелала во градите со службен пиштол. Нејзината состојба е стабилна, објавуваат денеска локалните медиуми.

– Пациентката е стабилна, оперирана и после тоа е на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивно лекување. Во моментов има стабилни витални параметри, потврдија за медиумите во КЦ Ниш.

Од нишката полиција велат дека младата полицајка синоќа не била на должност и дека се утврдува што се случило.

– Добивме пријава дека полицајка, која не била на должност, се застрелала во градите во приватен автомобил. Известено е Вишото јавно обвинителство и се утврдуваат сите околности за овој настан, велат во нишката полиција.

Според неофицијални информации, младиот човек кој бил во автомобилот со неа е Ј.И. и не е полицаец како што првично беше објавено.

– Инцидентот се случил на улицата Сава Ковачевиќ во населбата Палилула. Во моментот на самоповредување на Ј.И., таа била на возачкото седиште во паркиран автомобил БМВ каде разговарала со млад човек кој бил со неа во автомобилот. Се сомнева дека има обид за самоубиство, засега нема индиции дека е нешто друго во прашање. Што точно се случило ќе може да се каже дури кога ќе заврши истрагата, вели изворот за српските медиуми.

Крим-техничката полиција на нишката полиција извршила истрага за автомобилот во кој се одвивала драмата за да се документираат сите индиции за расветлување на настаните и утврдување на сите околности.