Во сообраќајка пријавена од СВР Велес која се случила доцна синоќа на патот Башино Село – Отовица, автомобил се превртел движејќи се кон езеро ,,Младост”, при што тешко се повредени две женски лица, информира за МИА д-р Василка Пановска Поп Стефанова од службата за ИМБ при ЈЗУ Здравствен Дом.
-Едното лице е со повреди на двата долни екстремитети и еден горен, а другата со повреди на десен и лев долен екстремитет информира д-р.Пановска Поп Стефанова.
Со автомобилот „Форд Ка“ управувала 32 годишната Е.А. која се здобила со повреди, а во несреќата е повредена и 26 годишната В.И., двете од Велес.
Од страна на два тима од ИМБ пациентите се згрижени на лице место и поради сериозност на повредите, итно се однесени на хирушкиот одел при велешката болница, за понатамошно лекување.
На лице место увид на несреќата, направила екипа на СВР Велес.