Приведен е тинејџерот кој утринава со пластичен пиштол се шетал низ ТЦ „Бисер“ во скопски Аеродром. Од полицијата информираа дека станува збор за 19-годишник со здравствени проблеми.

-Денеска, околу 9.20 часот полициски службеници од Полициска станица Аеродром, постапувајќи по претходна пријава, во трговски центар на подрачјето на Аеродром го затекнале Ш.Л.(19) од Скопје, лице со здравствени проблеми, кој носел пластичен пиштол (играчка). Од страна на полициските службеници, пиштолот и футролата му биле одземени, информираат од МВР.