Синоќа околу 20 часот во Приштина е застрелан македонски државјанин, јавуваат косовските медиуми.
Според информациите кои ги потврди и портпаролката на косовското Министерство за внатрешни работи за регионот на Приштина, Флора Ахмети, имало вооружен инцидент во кој мета бил автомобилот од Македонија.
Во автомобилот со македонски регистарски таблички, во кој мета бил Блерим Даци, кој користел лажни документи на име Блерим Шабани била испукана канонада од автоматско оружjе. Инцидентот се случил среде Приштина.
Според информациите на полицијата, во текот на оперативните дејствија подалеку од убиството најден бил и запален автомобил кој го користеле осомничените.