МВР излезе со детали за вчерашната сообраќајна несреќа кај Охрид, во која загина едно лице.
-На 10.07.2021 година во 14,40 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на магистралниот пат Подмоље-Охрид, пред манастирот „Св.Еразмо“, се случила сообраќајна незгода помеѓу “фолксваген голф“ управуван од Љ.Г. (51) од Охрид, автомобил „ауди А4“ управуван од Е.Љ.(22) исто така од Охрид, автомобил “голф“ што го управувал А.Џ.(46) од Струга, како и камион „сканија“, управувана од Т.Ѓ.(38) од охридското село Вапила.
Во незгодата, сопатникот од возило “фолсваген голф“ Х.Г.(78) од Охрид, од здобиените повреди на пат за болницата „Св.Еразмо“ починал. Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Г. а со телесни повреди се здобиле другите двајца возачи на автомобили, констатирани во болницата “Св.Еразмо“.
Увидна екипа од СВР Охрид извршен увид на местото на настанот.