Возач загина во скопската населба Даме Груев откако излетал од патот на улица „Шар Планина“, објави МВР.
„Вчеравечер во периодот од 21.30 до 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје, патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(72) од Скопје, излетало од коловозот.“, соопшти полицијата.
Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал К.П., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е даден за обдукција.