Пожарот кој денеска избувна во магацин за бои и други хемикалии претставува ризик за здравјето на населението, во воздухот има опасни штетни материи, поради што се препорачува населението во радиус од два километра да не излегува надвор без потреба, рече др. Специјалист Ратко Давидовски.
Во гаснењето на пожарот во магацинот „Евроком“ во тетовско Фалише, на тетовските пожарникари им помагаа и противпожарните екипи од Скопје, Куманово и Велес. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов нагласува дека поради високата температура постои опасност да се сруши и целата зграда и ѕидовите“, изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.
Командирот на тетовската пожарна Авни Амети информираше дека спречено е пожарот да се прошири на друг објект во близината на магацинот, огнот е веќе ставен под контрола.
Во наредниот период ќе се испитува колку е загадена водата и почвата на која се обработуваат градинарски производи. Со свое мислење се јави и познатиот македонски доктор Андрон Чибишев.
– Пожар во фабрика за бои и лакови во населено место во околината на Тетово. Им се препорачува на граѓаните да ги затвотат прозорците и да не престојуваат на отворено. Јас, на институциите им сугерирам под итно да го евакуираат населенитето во радиус од 1000 метри од фабриката.