Познатиот грчки рапер Мо Скилц починал во петокот вечерта на 38-годишна возраст, јавуваат грчките медиуми.

Роден како Демостен Русос, популарниот рапер Мо Скилц, наводно починал откако доживеал срцев удар, оставајќи ги во тага своите обожаватели.

Мо Скилц неодамна се преселил со своето семејство на Кипар. Во една од последните објави на Инстаграм тој го најави објавувањето на својата нова песна. Сега, овој пост – како и претходните – се преплавени со пораки на сочувство.

View this post on Instagram

A post shared by Mo Skillz (@moskillzofficial)