Истакната њујоршка докторка по онкологија најпрво пукала, а потоа се самоубила во нејзиниот дом во Вестчестер во саботата наутро. Полицијата смета дека се работи за убиство и самоубиство.

Д-р Кристал Каскета (40), специјалист за хематологија-онкологија во болницата Маунт Синај, починала од прострелна рана што сама си ја нанела откако претходно му го одзела животот на своето дете, јавува ABC 7.

„Прелиминарната истрага откри дека во 7:00 часот Кристал Каскета влегла во собата на своето дете и пукала во него, а потоа се свртела со пиштолот кон себе“, се вели во соопштението на полицијата.

Инцидентот се случил во семејната куќа каде докторката живеела со детето и нејзиниот 37-годишен сопруг Тим Талти. Сè уште не е познато колку години имало детето, но објавите на социјалните мрежи сугерираат дека бебето е родено околу март.

Каскета дипломирала на Медицинскиот колеџ во Албани во Њујорл, според нејзината биографија, а потоа работеше во болницата Синај, каде што и беше доделена награда за сочувството и поддршката што ја покажа кога се справуваше со пациентите. Д-р Каскета е специјализиран за истражување на рак на дојка.

Од болницата одбија да го коментираат трагичниот настан. Каскета и Талти се венчаа во 2019 година во Бруклин. Талти е сопственик на компанијата за протеински барови Talty Bars.