Жената која беше застрелана во главата од Зоран Р.(52) при вчерашното крвопролевање во околината на Крушевац е жива, но во многу тешка состојба.

– Како што дознаваме животот и е загрозен, општата состојба и е тешка и приклучена е на механичка вентилација. Таа има и многу тешка повреда на мозокот. Се наоѓа во УКЦ Ниш, објавија утрово медиумите.

Да потсетиме, станува збор за жена (44) која е идентификувана како љубовница на Зоран Р.(52) од Крушевац, маж кој вчера изврши грозоморно злосторство кога прво ја застрела љубовницата (44) во главата и и нанел тешки повреди, а потоа ја убил сопругата Весна (50). На крајот го свртел пиштолот кон себе кога полицијата го опколила.

Се сомнева дека крвавиот пир Ристиќ го започнал вчера околу 6 часот и 30 минути во Крушевац пукајќи и во глава на 44 годишната жена, по што во рок од два часа сменил уште две локации низ градот каде и пресудил на сопругата, а потоа се самоубил.