Нермин Сулејмановиќ денеска прво ја киднапирал, па ја претепал, а потоа ладнокрвно ја убил својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ. Жената со која има ќерка неколку пати го пријавувала за насилство, но потоа од страв за сопствената безбедност ги повлекла пријавите.

Деветмесечното девојче сведок на убиството на мајка си, која ја уби Нермин Сулејмановиќ, е хоспитализирано во Педијатриската болница во Тузла, јавува Н1. Бебето ќе биде предадено во Центарот за социјална работа.

Како што јави порталот Istraga.ba, Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, полициската управа Градачац, поднело барање да му се изрече заштитна мерка на Нермин Сулејмановиќ со која се забранува вознемирување и следење на лице изложено на насилство и заштитна мерка забрана да ѝ се приближува на жртвата, но Судот одбил

Како што пишува во барањето, Министерството за внатрешни работи го побарало решението откако жената пријавила дека Сулејмановиќ на 3 август околу 19 часот и 30 минути ја нападнал и претепал при што се здобила со повреди на лицето и на други делови од телото. Жената утредента поднела пријава против него и се иселила од куќата, заедно со бебето. Сулејмановиќ потоа продолжил да и се заканува, и се јавил и ја барал да се врати дома. Тој им се заканувал и на нејзиното семејство и пријателите.

Три дена подоцна, на 7 август, таа од страв од реакцијата на Сулејмановиќ не сакала да даде изјава во полиција, велејќи дека тоа само ќе ја влоши ситуацијата, но го поддржа изрекувањето заштитни мерки.

За жал, таа никогаш не доби заштита, а денес беше брутално убиена.