Некогашната македонската ТВ водителка Мелита Ракиќевиќ зиме – лете “не се симнува“ од социјалните мрежи, особено од Инстаграм.

Таа ужива да споделува моменти од секојдневието пред нејзините обожаватели, а овој пат се огласи од луксузниот ресорт во познато грчко летувалиште, каде го сними своето совршено тело во костим за капење, од каде гордо го покажува во различни изданија.

Идодека Мелита  позираше во едноделен костим за капење со тигрест принт, од кој во преден план се прелеваат големите тетовирани гради, коментарите не запираат.

Додека споделува фотографии од плажата, во описот на објавата Мелита предизвика уште поголема возбуда откако напиша: „Јас сум дива мачка, јас сум тигрица“ , искористувајќи ги зборовите од една стара српска песна.

Арно ама, само малкумина знаат, а Вистина.ком.мк  е прв медиум што дознава дека Мелита стана бизнисменка.

Имено, во едно од омилените летувалишта на македонските и српските туристи на Халкидики во Грција, познатата Калитеа, скопската трендсетерка стана газдарица на 4 луксузни апартмани, кои сега ги издава под наем.

Во исто време, Мелита таму престојува уште од  месец јуни, а  времето очигледно го минува спојувајќи корисно и убаво.

Ние први ја исконтактиравме, а „скопската тигрица“ ни ја потврди приказната дека станала бизнисменка. Со тоа што потенцираше: „За блиски пријатели престојот е гратис“… Поканата е отворена, само што во денешено време, таквите се бројат едвај на два, евентулно на три прста!

Жешкото издание го доведе до точка на вриење, откако Мели  ја крена температурата кај следбениците уште повеќе вжештујќи им го ионака жешкиот ден, со својата забава во отворениот куќен  базен.

Расна, стројна, бујна, заводлива и додека плива со телесен раскош кој никако не и дозволува да потоне, Мелита може само уште повеќе да ве маѓепса, опие и заведе на летното сонце!

 

Кога не е во базенот, Мелита на плажа го минува денот. Така додека таа заводливо позира на лежалката облечена во костимот за капење и гордо го покажува своето затегнато тело  потемнувајќи го тенот,  на многумина им го разубавува денот, зашто во вакво издание не може да не го привлече на себе сето внимание.

Омилен моден принт дефинитивно за ова лето и е оној инспириран од ѕверките во дивата Африка, зашто истиот го носи речиси во секоја прилика.

Повеќе од јасно е дека најпознатата скопска трендсетерка и надвор и дома и на плажа и на прошетка и во постела е вистинска тигрица… Од горе до долу!

Барем така себе си се доживува, а рака на срце, така и изгледа!

Foto: printscreen/instagram/melitameli