Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“ Татјана Алексиќ со коментар за она што ја одбележува речиси секоја учебна година.

Дали желбата за „сите петки“ е колективна дијагноза?

– Да се помине ,,скроз одличен ” е дијагноза! Нова колективна дијагноза која почнува најавено, ровари во текот на целата учебна година и на крајот од наставната година, особено во текот на наставничкиот совет, ги зафаќа сите до крешендо. Врв на колективно лудило е (не) можноста за внесување електронски оценки и одржување совети во тек на денот… Ноќта и зората се мигови на Е – дневнички ,,шоу тајм”. Добро утро Error, 503 Service Unavailable! Еве за тие што не ме разбрале да се доизјаснам, мислам на ултимативни, по секоја цена ,,скроз одлични” , а не петкаши по заслуга, кои на прсти се бројат во секој клас! – порача професорката на својот фејсбук профил.