Пејачката Марина Вишковиќ минатата година изјави дека не може да издржи месец без неколку илјади евра, што предизвика бура на мрежите.

Имено, како гостинка во емисијата „Амиџи шоу“, Марина добила незгодно прашање, па избегнала да одговори, но на крајот признала колку пари месечно троши.

– Која е минималната сума на пари со која можете да располагате? Околу 3.000 евра – ја праша водителот.

– Сега размислувам… Минимум… Морам да бидам скромна. Ајде нека бидат 3000, добра проценка направивте, навистина има инвестиции. Истакнав дека не знам ништо за финансии, никогаш не знам колку трошам, но неколку илјади месечно, сигурно – му посочила Марина Вишковиќ на Огњен Амиџиќ.