На ТВ водителката Венди Вилијамс ѝ била дијагностицирана фронтотемпорална деменција и афазија во 2023 година, а тоа го објави нејзиниот тим претходно оваа година.

Сега нејзината старателка, Сабрина Е. Морисеј, назначена од судот, тврди дека нејзината деменција напредувала, а адвокатите на Венди посочија дека таа е прогласена за когнитивно оштетена и трајно неспособна, пренесува „People“.

Нејзината старателка Сабрина исто така е вклучен во низа правни постапки против „A&E Television Networks“, „Lifetime Entertainment Services“ и други компании вклучени во продукцијата и емитувањето на документарниот серијал „Where is Wendy Williams?“.

Имено, таа во тужбата потенцирала дека медиумските компании кои стојат зад серијата „ја снимиле Венди без важечки договор и ја објавиле серијата без согласност“.

Таа исто така тврди дека Вилијамс во тоа време била во „многу ранлива“ состојба и дека „очигледно била неспособна за да се согласи да биде снимена“. Споменатиот серијал се фокусира врз нејзиното нагло заминување од јавниот живот, што предизвика контроверзии. Морисеј ги обвини споменатите компании дека на најсуров начин ја искористиле Венди за да добијат финансиска корист.

Нејзиниот тим ја објави веста за да ја крене свеста околу овие нарушувања

Потсетуваме дека претставниците на 59-годишната Венди Вилијамс ја открија нејзината дијагноза во јавноста на почетокот на годината.

„Како што знаат обожавателите на Венди, таа во минатото таа беше отворена кога станува збор за нејзините медицински борби со Грејвсовата болест и лимфедемот, како и за други значајни здравствени предизвици“, напишаа тие, објаснувајќи дека Венди била подложена на серија тестови во текот на 2023 година, откако почнало да ѝ слабее сеќавањето, а исто така тешко зборувала и се однесувала чудно.

„Одлуката да се сподели оваа вест беше тешка и беше донесена по внимателно разгледување, не само за предизвикаме разбирање и сочувство со Венди, туку и за да ја кренеме свеста за афазијата и фронтотемпоралната деменција и да ги поддржиме илјадниците други кои се соочуваат со слични околности“, изјавија тогаш претставниците на Венди.

Што е фронтотемпорална деменција?
Фронтотемпоралната деменција (ФТД) е нарушување кое ги зафаќа фронталниот и темпоралниот лобус.

ФТД влијае врз личноста, однесувањето и обично повеќе влијае врз нејзината јазична функција (синтакса и флуентност), а помалку врз меморијата во споредба со Алцхајмеровата болест.

Апстрактното размислување и вниманието (одржувањето и пренасочувањето) се нарушени, одговорите се неорганизирани. Ориентацијата е зачувана, но потсетувањето може да биде нарушено, а најмногу се зачувани моторичките вештини.

Инаку и актерот Брус Вилис минатата година ја доби истата дијагноза како Венди.