Познатиот бугарски бизнисмен Атанас Николов, кој е познат и во подземјето на соседната земја, почина денеска, еден ден откако беше брутално претепан со палка пред дискотека.

Николов (54), познат по прекарот Багрито, бил нападнат на 29 декември во раните утрински часови пред ресторанот „Ероганс“.

Тој бил нападнат од двајца мажи од населбата Долно Езерово, објави порталот Flagman.bg.

Багрито, кој изгради разновидна деловна империја кон крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите и беше добро познат во полициските кругови, претрпел бројни удари по главата и телото од напаѓачите, Сабин Стефанов и уште еден човек, кој изгледал видно пијан.

По нападот Багрито паднал во кома, а лекарите последните два дена се обидувале да го спасат. За жал, тој почина денеска во болница во Бургас. Зад себе оставил две деца и живеел во странство, каде што водел бизнис поврзан со аеродромски превоз.

Багрито се врати во Бугарија за празниците, но неговото ноќно излегување во дискотека во Долно Езерово заврши фатално.

По нападот и двајцата напаѓачи се уапсени. Еден од нив е пуштен со кауција од 5.000 лева, бидејќи се смета дека немал клучна улога во тепањето, а за Сабин Стефанов е побаран траен притвор. Во моментов судиите го разгледуваат ова барање.