Српскиот имунолог професор д-р Борислав Каменов на Пинк зборуваше за исхраната која го уништува имунитетот, најважниот додаток и опасните грешки кога се во прашање антителата во организмот.

Луѓето не разбираат дека првата битка против вирусот се води на ниво на неспецифичен имунитет, кога телото ги елиминира патогените и токсините од телото. Можеме да направиме многу однапред за да спречиме болести, хронични и автоимуни, дури и малигни и алергии. Мораме да ја подобриме состојбата на целиот имунитет, за да може телото да одговори на нападот – рече тој.

Многумина им премолчуваат на лекарите дека се чувствуваат лошо, дека се уморни и имаат други проблеми, поради што навреме не сфаќаат дека нивното тело не е способно да се справи со нападот бидејќи имунитетот е ослабен.

Нашиот имунитет одлучува за елиминирање на вирусот и спречување на неговото ширење во телото. Антителата се важни и добредојдени, но имунитетот е многу поширока приказна од нив. Ако нашиот систем е лош, нема да може да го реши проблемот. Имунитетот не штити додека нè штити, а на крајот може да не убие, тоа е цитокинска бура за која се зборува – клеточниот имунитет е преактивиран. Мора да му дадеме на имунитетот централно место во оваа приказна – рече тој.

Витаминот Д е најважен и без него не вредат други суплементи или природни лекови.

– Витамините Д и Ц се најважни во овие ситуации, но првенствено Д, ако го нема, нема да имате корист од ништо друго, рече тој.