Македонскиот синџир дисконти „Стокомак“ наскоро ќе влезе и на српскиот пазар, пишува порталот Retail Serbia.
Имено, еден од најголемите македонски синџири дисконти, „Стокомак“, планира да влезе на српскиот пазар и има основано седиште за Србија во Ниш, а неодамна купи и интернет домен за српскиот пазар, наведува порталот.
Како што се наведува, сè уште нема официјални информации кога „Стокомак“ би можел да ги отвори првите маркети и во кои градови.
На 5 октомври, „Стокомак“ го отвори својот најмодерен објект во Македонија, лоциран во Куманово. Модерната продавница со попусти се простира на повеќе од 1.000 квадратни метри и на клиентите им нуди широк асортиман од околу 1.600 прехранбени и непрехранбени производи.
Компанијата „Стокомак“ е основана во 1997 година и денес е една од најголемите македонски трговски групи со вкупно 73 објекти низ Северна Македонија.