Веста за смртта на Саша Поповиќ , една од најзначајните личности на балканската музичка сцена и основач на „Ѕвезда Гранд“, предизвика бројни емотивни реакции во јавноста.
Додека колегите, пријателите и обожавателите изразуваат сочувство и потсетуваат на неговиот огромен придонес во забавната индустрија, пејачот Бојан Томовиќ на социјалната мрежа Инстаграм даде непримерна, невкусна и неетичка изјава.
„Еден крадец, едно го*но помалку“, напиша пејачот покрај фотографијата од починатиот.
Ваквиот коментар на веста за нечија смрт е крајно непримерен, без разлика на какви било лични несогласувања што Томовиќ ги имал со Поповиќ.
Многубројните почитувачи на ликот и делото на Саша Поповиќ ги осудија постапките на Томовиќ на социјалните мрежи и истакнаа дека е непримерно да се изнесуваат такви ставови во време кога семејството и пријателите тагуваат по починатиот.
Овој пост ја премина границата основната човечка пристојност.
За потсетување, Саша Поповиќ беше основач на „Гранд продукција“ и низ годините им помогна на многу млади пејачи да градат успешна кариера.
Неговиот придонес во шоу-бизнисот ќе остане неизбришлив, а ваквите коментари не можат да го намалат неговото наследство во музичката индустрија.