Популарниот актер Димче Мешковски – Мешко, починал во Америка, каде живееше последните години, дознава ,,Фокус”. Од Драмски театар Скопје информираа дека комеморацијата ќе се одржи во салонот на Драмски на 28-ми март во 12 часот.

Околу тоа каде ќе биде погребан легендарниот актер, се уште нема официјални информации.

Како потсетување, Мешковски почина на 77-годишна возраст. Изминативе години се бореше со низа на здравствени проблеми.

Во Лос Анџелес замина заедно со сопругата, како што изјави пред неколку години, да и помага на ќерката околу одгледувањето на внуката, но и поради тоа што здравството во Америка било бесплатно за лицата над 65 години.