Спортски авион „Цесна“ со четворица патници денеска се урна северно од Раковица во Хрватска. Од Оперативниот центар за цивилна заштита веднаш ги известиле МВР и ХГСС за исчезнувањето.

Flight Radar ја забележа последната локација на „Цесната“

Хрватските медиуми неофицијално дознаваат дека во авионот имало четворица унгарски државјани и дека хрватската контрола на летот го добила нивниот повик за помош.

Како што неофицијално дознава Дневник Нова ТВ, во авионот биле пилотот и три лица. Авионот летал од правец на Сплит кон Германија.

Веднаш по пријавата, во истрагата на теренот се вклучиле 34 полицајци, меѓу кои и припадници на специјалната и интервентната полиција, како и 28 припадници на Хрватската планинска спасувачка служба кои користат дрон во потрагата.